Совладајте ја мачнината од патување

Објавено на: Jul 19, 2016 од Мама Силвана

Симптоми на болеста при возење се вртоглавица, слабост, студена пот, бледило, главоболка, мачнина и повраќање.

Многу од симптомите можат да се спречат.

Еве некои од начините:

Гледајте далеку пред себе во некоја далечна точка на хоризонтот. Возрасните лица треба да се возат на предно седиште.

Не читајте ниту гледајте во телефонот за време на возењето, а не пуштајте ни филмови.

Неопходно е возењето да биде удобно без нагли кочења. Правете паузи на секои два до три часа.

Не тргнувајте на пат со празен стомак.

Избегнувајте јака, мрсна храна и газирани пијалоци пред пат.

Не пушете во автомобил, тој треба да биде проветрен. Избегнувајте освежувач со јаки мириси.

Не пијте многу вода, најдобро е почесто, а помалку. Треба да се избегнуваат газирани пијалоци.

Во аптеките има лекови кои помагаат проблемите со мачнините за време на патувањето да се ублажат или спречат.

Некои природни лекови можат да помогнат, а еден од нив е чај од ѓумбир кој треба да се пие два до три часа пред патување.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…