Сопругата се породила, што да направите

Објавено на: Dec 31, 2016 од Мама Силвана

Она што можете да го направите откако сопругата ќе се породи е да земете слободни денови. Верувајте ќе ви требаат и вам и нејзе. Нема да бидете ненаспиени за да можете нормално да ги извршувате обврските, а вашата помош ќе биде од големо значење дома.

Не заборавајте дека сопругата едвај може да оди, а не да извршува домашни работи. Ако се породила со царски рез, ќе мора и да и го додавате бебето за да може да го подои.

Исто така она што треба да го направите е да си исчистите после прославата. Ниту случајно немојте да дозволите сопругата да ја дочека неред и полн мијалник со садови.

Таа нема да има ниту време ниту сила да ја исчисти куќата. Потрудете се што повеќе да помогнете во средување на домот и готвење на ручек.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…