Состојби кај децата кои бараат консултација со детски ендокринолог

Ендокринолошкиот систем кај човекот е една комплексна структура која се состои од мноштво на жлезди кои можат да прозиведат десетици различни хормони и на тој начин да влијаат врз функционирањето на целокупниот оргазнизам.
Организмот има способност да го почувствува концентрираното присуство на различните хормони кои варираат во зависност од возраста, полот, временскиот период од денот, ментална и физичка состојба на лицето, па дури и во зависност од нашите навики. Знаци дека ритамот и брзината на ендокриниот систем кај детето отскокнува од просечните вредности, што укажуваат на потреба да се советувате со ендокринолог се:

1) ако дете има родилна тежина поголема од 4 кг ( превентивна консултација );

2) ако детето пие многу течности ( често чувствува жед ) и често оди во тоалет, не само преку денот туку и во текот на ноќта;

3) ако кај детето забележите промени ( отоци ) на вратот;

4) ако детето брзо се уморува или се чувствува уморно без никаква реална причина;

5) ако детето нагло и често го менува расположението;

6) ако забележите на допир дека детето е секогаш топло;

7) ако кај девојчињата има преголема влакнетост по телото, рацете и нозете
8) ако забележите дека детето слабо напредува во растот
9) превентивни консултации со ендокринолог се препорачуваат и кај деца ( пред се бебиња ) чии родители имаат ендокрини болести (проблеми со тироидната жлезда, надбубрежната жлезда, дијабетес и сл )

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk