Сочни печурки со крем-сирење

Објавено на: Dec 21, 2015 од Мама Силвана

Печурките полнети со вкусен фил од крем-сирење и пармезан ќе биде гастрономско уживање за целото семејство.

Состојки:

12 шампињони

1 лаж масло

1 лаж истолчен кромид

22 гр крем-сирење

50 гр пармезан

Малку пипер, лук во прав

Подготовка:

Рерната вклучете ја на 180 степени.

Добро измијте ги шампињоните, исушете ги и отстранете ги дршките кои потоа треба ситно да ги исечкате.

Загрејте во тавче масло на умерена температура. Додадете ги лукот и исечканите дршки на печурките и пржете додека не испари течноста, водејќи сметка кромидот да не изгори.

Кога пржениот лук и печурките ќе се оладат, измешајте ги крем-сирењето, пармезанот, црниот пипер, лукот во прав. Треба да добиете густа смеса.

Со лажичка наполнете ги капите од печурките, а потоа полнетите печурки наредете ги на подмачкан плех. Можете наместо масло да користите и хартија за печење.

Печете околу 20 минути во загреана рерна.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…