Со бебешка пудра до погусти трепки

Зголемете го волуменот и должината на трепките со помош на бебешка пудра- ова е едноставен но корисен трик со кој визуелно за многу кратко време ќе направите вашите трепки да изгледаат прекрасно. 

За таа цел потребна ви е само бебешка пудра, обичен римел и стапче за чистење на уши.

За почеток свиткајте ги трепките кон нагоре со помош на виткач за трепки зафаќајќи ги трепките колку што можете подолу од коренот.

Потоа нанесете еден тенок слој на римел.

Стапчето за уши натапкајте го во пудрата за бебиња и со него поминете преку трепките од горната страна.

Потоа врз трепките нанесете уште еден слој маскара.

Веднаш ќе приметите дека вашите трепки се подолги и погусти-без никакви вештачки помагала.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk