Со гас за смеење до полесно забременување

Објавено на: Dec 24, 2016 од Мама Кате

Азот оксид обично се користи како анестетик при мали зафати или кај заболекари. Азот оксид се меша со кислород и предизвикува чувство на опуштеност и еуфорија кај повеќето пациенти. Гасот кој предизвикува смеење се врзува за крвните клетки во плуќата и патува до мозокот.
Користење во бременоста

Овој гас го користат во болниците во Велика Британија, Австралија, Скандинавија,…Не ја ублажува болката во целост, туку помага помалку да мислите на неа. Некои жени сметаат дека е добра алтернатива на лековите кои се даваат да би се потикнало и олеснило породувањето. Здружение на гинеколози овој третман не толку го препорачуваат, но не го ни отфрлаат или пак забрануваат. За сега се знае дека нема никакви штетни последици по мајката и бебето.

Во текот на породувањето на жените им се дава гас од 30 до 70 одсто. Таа го вдишува и така гасот брзо навлегува во крвотокот. Во мозокот стигнува за 15 секунди. Колку ќе стигне до мозокот зависи од силата на гасот и колку долго сте го вдишувале. Не е познато точно на кој начин азотот оксид малку ја ублажува болката.
Околу 50 одсто од жените пријавиле дека гасот е ефектно (задоволувачки) им ја ублажило болката, 20 одсто тврдат дека болката малку им е намалена и тоа на одредено време, а 30 одсто тврди дека за нив немало никаков ефект.

Гасот минува брзо низ плацентата и низ циркулацијата на бебето. За разлика од другите лекови не го обработува црниот дроб, па и не остава некои последици. Брзо “испарува” од телото, па и од крвотокот на бебето, по пат на дишните органи. Треба да почне да се користи веднаш штом почнат контракциите. Штом жената престане да го вдишува гасот за смеење тој брзо испарува од организмот. Жената е будна и има контрола над телото и болката. Гасот не влијае на контракциите.

Недостатоци

Треба да се знае дека користењето на азот оксид при породувањето може да предизвика мачнина и нагон за повраќање, збунетост, дезориентација, а многу медицинари токму затоа не го сметаат за соодветно средство за ублажување на болката и самото породување.

Моментални последици по бебето и мајката нема, но е докажано дека постојат некои последици кои можат да се манифестираат подоцна во животот. Едно истражување се бавело со оваа тема. Спроведено е во Стокхолм каде дошле до заклучок дека децата чија мајка при породувањето вдишувала азот оксид, подоцна во животот имале поголеми шанси да бидат зависни од амфетамини отколку оние деца кои се родени без користење на овој гас.

Многумина ова истражување го сметаат за спорно и не отстапуваат од гасот кој предизвикува смеење. Има многу прашања, но вие секако консултирајте се со вашиот лекар за овој третман. Природното породување е за секоја жена на прво место за препорака а болката може да се намалаи со добра претходна подготовка за време на бременоста, која е секако докажана за сигурна и безбедна за вас и вашето бебе.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…