Со магични печурки против депресија

Психоделичните печурки покажале ветувачки резултати во лечењето на депресија и болести на зависност и тоа во неколку клинички испитувања вршени во текот на последната деценија.

Научниците од Империјал колеџот во Лондон користеле псилоцибин, психоактивна супстанца која природно се јавува во таканаречените „магични печурки“, за да лечат мал број на пациенти кои страдале од депресија.

Тие ги следеле нивните функции на мозокот пред и после земањето на терапијата.

Сликите од мозокот на пациентите откриваат промени во активности на мозокот кои се поврзуваат со намален симптом на депресија, а таков ефект траел и до пет недели подоцна.

Доктор Робин Кархарт Херис, лидер на истражувачкиот тим кој се занимава со психоделици, вели дека за прв пат забележале јасни промени во активностите на мозокот кај депресивните луѓе лечени со псилоцибин, бидејќи не реагирале на конвенционалната терапија.

„Неколку наши пациенти опишаа чувство на „ресетирање“ после третманот и често користеа аналогија со компијутери. На пример, еден пациент изјави дека има чувство дека мозокот му се дефрагментирал, како компијутерски хард диск, додека друг употреби израз „ребутирал“ “, вели доктор Херис.

За потребите на истражувањата, објавени во Scientific Reports, 20 пациенти отпорни на постоечките лекови против депресија, примиле 10 милиграма псилоцибин, а една недела подоцна 25 милиграма.

Непосредно после третманот со псилоцибин, пациентите забележале намалување на симптомите поврзани со депресија, подобрување на расположението и ублажен стрес.

Планот е псилоцибинот да се тестира во споредба со водечките антидепресиви, а истражувањето е закажано за почетокот на следната година.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk