Со мед против настинка

Благодетите на медот веќе се добро познати, а циметот се смета за еден од најздравите зачини. Комбинацијата на овие две состојки помага многу кога е во прашање лекување на настинка.

Пијалокот кој ви го предлагаме го зајакнува имунитетот и помага кај заморот, хроничната кашлица и настинка, ја негува слузницата и ги чисти синусите. Двете состојки дејствуваат антивирусно, антибактериски и антивоспалително против различни видови инфекции.

Подготовка: Во 100 мл млака вода додадете 1 лажица мед и 2 лажици цимет. Мешајте додека медот не се стопи. Овој напиток можете да го пиете два пати дневно, три дена. Доколку немате проблем со благо, можете да ја конусмирате комбинацијата мед и цимет без да додавате вода.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk