Со мерење на базалната температура подобро запознајте го својот менструален циклус

Објавено на: Jan 10, 2017 од Мама Ане

Со секојдневното мерење на температурата во текот на утрото уште пред да станете од кревет можете подобро да го запознаете својот циклус и полесно да предвидите кога настапува овулацијата.

Кај многу жени ден пред да се случи овулацијата базалната температура може да биде нешто пониска од обично, а веќе од утрешниот ден кога настапува овулацијата, како и во текот на наредните неколку дена да биде повисока и да почне да расте.

Ако температурата продолжи да расте во период од три дена се смета дека овулацијата настапила во текот на првиот ден од кога температурата започнала со порастот. Ова е процес кој се случува под влијание на хормонот прогестерон кој се лачи во поголема количина од моментот кога настапува овулацијата.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…