Со печени јаболки против болки во грлото

Печените јаболка освен што се навистина вкусен десерт можат да се користат и како природен лек, препорачува нутриционистот Хадемар Банкофер.
Според него, болката во грлото може да ја снема со помош на само три печени јаболка. Важно е сите три да ги изедете едно по друго но да не се врели туку да се умерено топли.

Кога јаболката ќе ја исчистите од семките не ја длабете премногу. Во тенко издлабената средина ставете малку мед и суво грозје. Во текот на печењето во јаболката се создаваат посебни ензими и биоактивни материи кои во заедничка комбинација делуваат смирувачки врз слузокожата на грлото и гласните жици.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk