Со правилна исхрана против чувството на подуеност во стомакот

Ако ве измачува непријатното чувство на подуеност во стомакот препорачливо е да го намалите внесот на леб и тестенини, да ја избегнувате пржената и зачинетата храна и да избегнувате внес на поголеми количини на шеќер.

При тоа е многу важно храната која што ја конзумирате да ја џвакате побавно и да внимавате при тоа да не голтате повеќе воздух.

Во периодот пред заспивање добредојдена е шолја чај од камилица или нане. Исто така, потребно е секојдневно конзумирање на ферментирани производи како што се јогуртот, кефирот и сл. Тие во голема мера можат да помогнат во регулирањето на цревната флора.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk