Со природен лек победете ја настинката и мамурлукот

Дали знаевте дека во само два потези, и со само две клучни, едноставни и здрави состојки, може да се решите од настинки и мамурни денови.

Решението се крие во вашата кујна и време е да го испробате овој едноставен и вкусен рецепт.

Предностите од медот се добро познати, а циметот се смета за еден од најздравите зачини. Комбинацијата од овие две состојки е навистина бомбастична, особено кога е во прашање мамурлукот и настинките.

Рецептот за напивката која ви ја препорачуваме го зајакнува имунолошкиот систем и помага со замор, хронична кашлица и настинка, ја негува слузницата и ги чисти синусите. И двете состојки дејствуваат антивирусно, антибактериско и против различни форми на габични инфекции.

Состојки:

1 лажица мед

2 лажици мелен цимет

Подготовка:

Во 100 мл. млака вода, помешајте мед и цимет, мешајте додека медот не се стопи. Напитокот пијте го два пати дневно, по можност три дена по ред. Истото може да го направите и без вода. Во чаша направете микс само од мед и цимет, и консумирајте го на ист начин.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk