„Со тебе сум“ на децата им значи исто како и на возрасните

Објавено на: Dec 26, 2016 од Мама Силвана

Поддршката е таа која ни треба посебно кога сме во неволја. И возрасните кога се во неволја, на прашањето што им треба одговараат дека со поддршка би направиле се полесно.

Кога вашето дете бурно реагира, тоа бара поддршка. Ако ви дозволи, прегрнете го и вербално смирете го, но полека. Ако одбие физички контакт, останете во близина додека не се предомисли.

Нема да сака ни разговор, но ако ги следите знаците со тек на време тоа ќе се промени.

Патувањето до зрелоста на вашето дете може да се учини предолго, но децата мора да ги разбереме од мали нозе бидејќи тогаш учат за иднината.

Секое „големо чувство“ во наизглед неважна ситуација подоцна може да се изроди во лошо однесување во пубертетот.

Со градење на односи и давање на поддршка на вашето дете ќе создадете цврст мост за негов премин во светот на возрасните.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…