Со храна против креативна блокада

Креативна блокада-скоро сите ние сме ја доживеале барем еднаш во животот. Ако ви се чини дека нема помош се лажете, храната всушност е голем извор на продуктивност.
За да размислувате креативно на важиот мозок му е потребен константен проток на кислород и глукоза. Авокадото го зголемува протокот на крв и на тој начин се овозможува непречено снабдување на мозокот со доволна количина на кислород.

Оревите по својот изглед во голема мера наликуваат на човечкиот мозок и токму за него се навистина добри. Преполни со корисни состојки како што се омега 3 масните киселини, мелатонин и антиосиданси, оревите имаат позитивен ефект врз поттикнувањето на креативноста.
Флавоноидите како составни состојки на чоколадото имаат способност, слично како авокадото, да го зголемат протокот на крв до мозокот.

Темното чоколадо содржи совршена комбинација на кофеин и магнезиум кои не само што помагаат во намалувањето на стресот и создавањето на хормоните на среќата како што е серотонинот туку и поттикнувајќи ја мозочната активност ја зголемуваат нашата креативност.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk