Со честото доење побрзо се надминува хипогликемијата кај новороденчињата

 

Дури и кога се внимава на нивото на глукозата во крвта во текот на бременоста, трудниците со дијабетес се соочуваат со можноста да родат бебиња кои имаат поголема родилна тежина од просечната.
Постои ризик новороденчето да биде склоно кон хипогликемија ( ниско ниво на глукоза во крвта) во текот на првите дванаесет часа по породувањето, особено доколку во текот на бременоста постоела лоша контрола на нивото на глукоза во крвта на мајката.

Кога мајката не внимава добро со цел одржување на оптималното ниво на глукоза, новороденчето се соочува со подолготрајно користење на реалтивно високи вредности на глукоза уште пред да биде родено. Дополнителниот инсулин кој што самото тоа го произведува може да придонесе по раѓањето да се намали нивото на глукоза во крвта.

Честото доење е еден од начините побрзо да се надмине овој несакан проблем. Колострумот е најдобата терапија за новороденчето кое има хипогликемија.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk