Специфичност на говорот кај децата со аутизам

Кај голем број на деца со аутизам говорот никогаш не се развива, а кај оние деца кај кои што ќе се развие често постои ехолалија. Ехолалијата претставува повторување на зборови или фрази непосредно по слушањето или кратко потоа без детето да биде свесно за нивното значење или без да ги употреби во соодветен контекст. Ехолалијата е најчесто присутна после третата година од животот на децата со аутизам и подоцна.
Самото нејзино постоење како таква укажува на постоење на извесно пореметување во развојот кај детето.

Децата со аутизам многу често себеси се нарекуваат со сопственото име наместо да речат – јас.

Говорот има необична интонација, звучи механички или монотоно. Исто така, како специфичност на говорот кај децата со аутизам се појавува испрекинат или остар говор со неможност за правилно нагласување на зборот.

Некои деца со аутизам, иако поретко, сепак имаат богат речник, дури може да се развие и опсесивен интерес кон зборовите како такви. Други пак доцна или воопшто не прозборуваат.

Неразвиениот говор кај петгодишното дете не ретко упатува на прогноза која не е баш поволна, иако постојат многу случаи кога децата со аутизам почнуваат да говорат и по петтата година од животот.

Децата со аутизам кои имаат развиен говор користат зборови за да ги означат предметите во околината, но кај нив истовремено постои потешкотија да го сфатат значењето на апстрактните и фигуративните изрази.

Често, во социјален контекст, тие говорат непромислено, за што типичен пример е ехолалијата.

Дури и кога постои говор, децата со аутизам најчесто не се во можност во целост да го проценат граматичкиот аспект на јазикот или семантички да ги поврзат зборовите.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk