Спиење со чорапи, да или не

Според истражувачите, спиењето со чорапи може да ви донесе многу здравствени придобивки. Без разлика дали ви е удобно или не, станува збор за здрава навика која треба што побрзо да ја стекнете. Сепак, имајте на ум дека треба да избегнувате да си легнувате со чорапите што ги носите во текот на денот за да не внесете бактерии на постелнината.
Според истражувачите, сонот е важен дел од животот на секој поединец и игра клучна улога при одржување на нормалното функционирање на мозокот, како и на целиот организам. Поголемиот дел од луѓето поминуваат третина од секој ден во спиење, но само мал дел од нив си легнуваат со чорапи. Имено, ако носите чорапи додека спиете, вашето тело ќе воспостави правилна телесна терморегулација, притоа одржувајќи го и функционирањето на мозокот на оптимално ниво. Спиењето со чорапи е корисно и затоа што ни помага побрзо да заспиеме, како и да останеме заспани во текот на целата вечер, особено во 4 часот наутро кога температурата е најниска.

Според некои истражувања, луѓето што носат чорапи на нозете заспиваат за околу 15-тина минути побрзо од оние што спијат боси. Тие исто така спијат подолго и поквалитетно, на тој начин зголемувајќи си ја концентрацијата и способноста за памтење во текот на целиот следен ден. Да не заборавиме и на фактот дека ќе бидете значително порасположени. Долготрајното кратење на сонот, односно редовното спиење помалку од 7 часа ја зголемува можноста за развој на срцеви болести и депресија. Од слични причини спиењето со чорапи придонесува спречување на напади кај оние што страдаат од Рајнаудова болест. Оваа состојба се карактеризира со студени прсти на рацете и нозете, како и недостаток на чувство за допир.

Ако решите да пробате да спиете со чорапи, докторите советуваат да внимавате на следниве неколку работи. Најпрво, секогаш облекувајте чисти чорапи пред легнување за да избегнете носење бактерии со вас во кревет. Потоа водете сметка и за хигиената на нозете, односно добро измијте ги и исушете ги пред спиење. Од друга страна пак, чорапите треба да бидат направени од природни и тенки материјали, и не премногу тесни, за да си овозможите циркулација на крвта како и проток на воздух.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk