Спијте во студена соба

Според научните истражувања, идеална собна температура за спиење изнесува меѓу 16 и 19 степени целзиусови. Навиката за спиење во ладни простории може да потрае одредено време, но вие ќе имате само корист од тоа.

Ако ја намалите температурата во спалната соба за само неколку степени, ќе добиете многу предности. Вашиот организам поспоро ќе старее, ќе се чувствувате посреќно, енергично, исто така значително ќе бидете поотпорни од стрес.

Еве зошто е важно да спиете во ладна соба:

1. Значително ќе го намалите ризикот од добивање на дијабетес

Ако ја намалите температурата во собата во која спиете за само неколку степени, вашиот организам ќе ви каже „фала“. Ќе го намалите ризикот од болести поврзани со метаболизмот, посебно дијабетес.

Бил спроведен експеримент чии резултати покажале дека метаболизмот кај луѓето кои спиеле во ладна соба се подобрил. Овие луѓе, исто така согорувале и повеќе калории во текот на денот. Овие две работи ќе ве сочуваат од развој на дијабетес.

2. Ќе изгледате помладо

Високата температура го блокира ослободувањето во организмот на хормонот за раст и мелатонин. Овие два хормони го забавуваат процесот на стареење. Затоа, ако спиете во ладна просторија, овие хормони повеќе ќе се ослободуваа, а со самото тоа и вие побавно ќе стареете.

3. Побрзо ќе заспиете

Покрај заздравувањето на организмот, ќе добиете и практична корист. Ќе можете да заспиете многу брзо, бидејќи на вашето тело нема да му бидат потребни прилагодувања. Ако температурата во просторијата не е оптимална за сон, воопшто нема да се наспиете.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk