Спречете ги сезонските настинки со инхалација

Во ова време од годината, вирусните инфекции се честа појава и кај возрасните и кај децата.

Вирусите можат да ја оштетат слузницата, да го ослабнат организмот и да им отворат пат на бактериите. Примената на антибиотици кај респираторните инфекции е многу честа, а непотребна пракса. По вирусните инфекции слузницата често останува надразнета, а ова е пропратено со кашлање кое може да трае и до 3 седмици.

post cover photo

Инхалацијата е најдобра помош против сите видови кашлица којашто можете да си ја пружите во домашни услови. Инхалацијата е стар рецепт во борбата против настинките, бидејќи предизвикува потење, го олеснува кашлањето, ги исфрла секретите од носот и ја навлажнува иритираната слузница од носот и грлото.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk