Спречете ја инвазијата на играчки низ сите простории во домот

Дали понекогаш ви пречат играчките расфрлани низ секоја соба во домот? Дали сте веќе навикнати кога одите автоматски да се подигнувате на прсти за да го избегнете прегазувањето на омилената играчка на вашето дете?
Ако на овие прашања одговорите со да, тогаш сме сигурни дека веројатно веќе сте се запрашале дали е подобро играњето да биде просторно ограничено на една соба.

Всушност, не е добро да имате играчки насекаде низ куќата. Прва причина е што тоа ја отежнува играта на детето. Замислете колку време му е потребно на вашето дете да ја најде баш таа одредена играчка која што ја сака во моментот. Освен тоа, уште поголем негативен ефект се одразува на неодлучноста на детето кое станува несигурно и изгубено во хаосот која играчка да ја одбере од многуте што ги има.

Кога децата ќе се најдат во периодот на предшколската возраст можете да почнете да ги учите да ги почитуваат правилата и да создаваат вештини кои ќе им помогнат пред се на нив а потоа и на вас во заедничкиот живот со нив.

Наместо да им дозволите на децата да ги довлекуваат играчките кои ги имаат во кујната, трпезаријата или дневната соба, овозможете им да си одберат само една играчка која би ја понеле со себе.

Помогнете му на детето да го зголеми своето чувство за одговорност на тој начин што ќе му покажете дека оставањето на играчки насекаде низ домот има одредени последици ( пример, заборавените и некренатите играчки ќе одат надвор кај другите деца ) Објаснете му зошто играчките не треба да се оставаат насекаде по завршената игра со конкретни примери.

Друг начин да го спречите тоа е да поставите услов. Соберете ги расфрланите играчки и ставете ги во одредена кутија. Дозволете детето повторно да ги ”заработи” играчките со неговото добро однесување. Применувајте ја оваа техника кај деца над две годишна возраст.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk