Срамежливо дете или дете со социјална фобија

Нема ништо абнормално во тоа детето да е срамежливо. Многу деца се срамежливи но тоа не е сигурен знак дека кај детето постои социјална фобија.
Децата со социјална фобија преживуваат екстремни потешкотии при секојдневните активности и ситуации во кои што се наоѓаат во друштво на други деца.

Потешкотиите што детето ги манифестира најчесто се страв од гласно читање на час, избегнување на разговор со возрасни луѓе, неприфаќање на игра во група или останат вид на групни активности.

Најчесто првиот знак што родителите го приметуваат кај детето а што укажува на можна појава на социјална фобија е црвстото одбивање на детето да оди на училиште или во градинка.

Децата кои што страдаат од социјална фобија често имаат негативни уверувања кои придонесуваат за појава на видлива анксиозност кога станува збор за потенцијален контакт со друштвеното опкружување. Најчесто децата размислуваат во правец- знам дека ќе се пострамотам, знам дека ќе згрешам и сите ќе ми се смеат, знам дека луѓето ќе мислат дека сум глупав/а, нема да имам што да кажам и ќе бидам досаден/а и сл.

Токму затоа првиот чекор во психолошката терапија на социјалната фобија кај децата е преиспитувањето на негативните уверувања кои доведуваат до појава на страв од секоја друштвена ситуација во која што може да се најде детето.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk