Среќните парови не ја делат својата љубов на социјалните мрежи

Живееме во време кога социјалните мрежи го заменуваат реалниот живот. Стотици фотографии во прегратки, споделувајќи бакнежи и нежности се со цел за повеќе лајкови и коментари. Зошто луѓето имаат потреба својата приватност да ја изложуваат пред толкава јавност? Дали лајковите се мерило за вредностите во време кога ги оценуваме туѓите животи врз основа на фотографии или статуси кои ги објавуваме? Често грешиме кога создаваме слики за поединците врз основа на објавеното. Стручњаците велат дека среќните парови немаат потреба да го објавуваат секој детал од својата врска на друштвените мрежи, ова се причините:

НЕМААТ ШТО ДА ДОКАЖУВААТ

Потребата од делење детали од приватниот живот е поврзана со недостатокот од самодоверба. Со објавување на среќни фотографии и статуси се одржува привидно совршената врска. Ако личноста е среќна и задоволна во заедницата, не губи време во докажување пред целиот свет. Тоа не значи дека никогаш нема да објави ништо, но никако нема да го прави тоа секој ден!

ПРОБЛЕМИТЕ ГИ РЕШАВААТ САМИ

Постојано сме опкружени со „среќни парови“ кои сакаат секоја емоција да ја споделат на фејсбук. Некогаш тоа го прават и со одреден емотикон за да предизвикаат бура од реакции и прашања-што се случило, па потоа следуваат објаснувања во порака. Ова е само показател на незрелост. Среќните парови тоа го решаваат меѓусебе.

СРЕЌАТА НЕ Е ЛАЈКОВИ

Среќните парови знаат дека нема да добијат ништо објавувајќи докази дека се среќни. Нивната среќа не се мери со лајкови, ниту пак имаат потреба да се обидуваат да разбудат емоции кај други со нивната среќа.

НЕМААТ ПОТРЕБА ЗА СПОРЕДУВАЊЕ

Познавачите велат дека оние кои не поставуваат статуси и фотографии на фејбук се многу посреќни од останатите, зашто немаат потреба да се споредуваат ниту со своите пријатели, ниту пак со своите колеги.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk