Среќното дете верува во себе и во своите способности

Прочитајте кои знаци според психолозите се најочигледни знаци кои укажуваат дека покрај вас расне среќно дете:
– Однесување: Среќните деца не бараат премногу внимание и не се трудат постојано да ги импресионираат останатите, се однесуваат природно додека се во друштво исто како што би се однесувале кога се сами.
– Љубов: Иако секое дете се изразува на свој начин, среќните дека уживаат во давањето и примањето љубов и не се воздржуваат од покажување на своите чувства. Овие деца не се насилници и скоро никогаш не ги задеваат и понижуваат другите деца.
– Самодоверба: Среќното дете верува во себе и во своите способности и секогаш е подготвено да се бори за своите уверувања. Затоа понекогаш изгледа како бунтовник, но верувајте во неговите мисли тој е секогаш бунтовник со причина.
– Независност: Среќните деца уживаат во својата независност и во умерената дозвола да ги прават нештата на свој начин. Иако понекогаш тие можеби ќе побараат помош сепак ќе се обидат задачата да ја решат самостојно и да научат на сопствените грешки.
– Пријателство: Среќните деца уживаат во друштвото на своите пријатели. Тие знаат како да се забавуваат и како да ги забавуваат своите другарчиња. Ретко кога им е досадно.
– Емпатија: Детето кое е среќно има силно развиена емпатија и е навистина емотивно. Тоа знае да ги прифати границите и да ги разбере луѓето во околината со тоа што разумно ќе ја поднесе секоја критика доколку постои таква што е упатена на негова сметка.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk