Стоплете се со чинија здрава супа од целер

Во ладните  зимски денови стоплете се со чинија вкусна и здрава супа од целер.
Потребни состојки:
2 лажици масло за јадење
10 поголеми парчиња целер ( ситно исецкан )
1 кромид (исецкан на покрупни парчиња )
1 варен компир (излупен и исецкан на ситни парчиња )
зачини по желба
1 лажица сок свеж сок од лимон

 

Начин на подготовка:

Во големо тенџере ставете го маслото за јадење и загрејте го на средна температура. Додајте го целерот, кромидот и компирот и зачинете по желба. Сипете 1,2 литри вода и оставете го зеленчукот да се вари. Повремено промешајте се додека зеленчукот не почне да омекнува.
Откако зеленчукот ќе се свари, изблендирајте го за да добиете густа смеса која наликува на пире. Откако ќе ја изблендирате супата, додајте го лимоновиот сок.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk