Стресот докажано ги намалува шансите за забременување

Изложеноста на стрес докажано ги намалува шансите за забременување – тврдат научниците. 

Негативните последици на стресот врз плодноста кај жените има загрижувачки размери.

Според најновото истражување во кое учество земале 400 брачни парови, каде сопружниците биле на воздраст од 18 до 40 години, докажано е дека изложеноста на хроничен стрес драстично ја намалува шансата за забременување.

Земајќи примероци од плунката научниците го мереле нивото на хормоните на стрес кај брачните партнери. Мерењата се однесувале на нивото на хормонот кортизол и алфа-амилазите кои се поврзани со нервниот систем.

Откриено е дека жените чие што ниво на алфа-амилази е повисоко од просечното имаат дури 30% помали шанси да забременат. Од друга страна пак, зголеменото ниво на кортизол во женскиот организам значително ја оневозможува редовната овулација со што се отежнува забременувањето.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk