Стрии во бременоста-колку реално можат да помогнат кремите против стрии

Кај повеќето жени стриите се неизбежна појава. Според статистичките податоци, забележани се кај 80% од трудниците, најчесто започнувајќи од второто тромесечје.
Стриите се појавуваат поради растегнување на кожата во облик на силно црвени линиии најчесто во долниот дел од стомакот, градите, колковите и нозете.

По завршувањето на бременоста, со текот на времето тие ќе добијат бела боја, но иако избледуваат тие не исчезнуваат.

Како мерка на внимание против појава на стрии многу идни мајки користат разни креми и лосиони. Нивната цел најчесто се состои во намалувањето на сувоста на кожата,односно во зголемувањето на нејзината еластичност, но повеќето од нив нема со сигурност да ја спречи појавата на стрии.

Постојат одредени фактори кои влијаат врз можноста за појава на стрии во текот на бременоста.
Пред се тука е наследниот фактор ( со каков степен на еластичност располага вашата кожа ), потоа појавата на стрии зависи и од бројот на бремености ( ако во првата бременост се појавиле стрии, големи се шансите да се појават повторно)

Најдобриот начин да се спасите од појава на стрии е да внимавате како ги накачувате килограмите. Ако брзо се дебелеете, тогаш сигурно нема да и помогнете на вашата кожа.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk