Супата од кесичка е штетна за нашето здравје

Научниците тврдат, супата од кесичка го забрзува стареењето на организмот!

Имено, познато е дека храната која што во својот состав содржи голема концентрација на шеќери, соли и масти уништувајќи ги клетките во организмот предизвикува глобален стрес на телото со што го забрзува процесот на страреење.

Иако е многу популарна поради убавиот вкус и брзата подготовка, инстант супите и супите во кесичка претставуваат вистинска опасност, бидејќи само една чинија од оваа супа содржи околу 1,000 мг натриум, што придонесува за задржување на течностите во организмот.

Исто толкаво количество на натриум има и во готовите сосови, смрзнатото овошје и пилешките прсти.

Освен супата во кесичка која што е на прво место, храна која што го забрзува стареењето се и колачите, тестенините, пекарските пецива и пицата.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk