Супа од моркови за вашите најмили

Вкусен и здрав оброк за вашите најмали, погоден за бебиња со навршени седум месеци.

Потребни состојки:

– 1 помал морков
– 20 грама ориз
– 250 мл вода
– 2 лажички маслиново масло

Начин на подготовка:

Морковот измијте го и изрендајте го. Ставете го да се вари во 250 мл вода. Истовремено во посебен сад сварете 20 грама ориз.
Откако оризот ќе се свари додадете го во садот со варениот морков и додајте го маслиновото масло. Промешајте и оставете го садот на оган уште неколку минути.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk