Супер татко е оној кој ја знае мерката на строгоста

Објавено на: Jan 11, 2017 од Мама Силвана

Потребно е детето да се плаши од добриот татко, во спротивно тој не ја работи својата работа добро. Но, не се работи за страв кој вообичаено ни паѓа на памет, како што постојат различни типови на љубов, така постојат и различни видови на страв.

За многумина страв е како кога гледаме хорор филм или ако се исплашиме од куче. Но постојат неколку типови на страв кои се здрави и тоа е она што добриот татко мора да го рефлектира.

Добриот татко мора да предизвикува одредено чувство на страв, но да не дозволи тоа да биде штетно. Тоа може да се спореди како логорски оган. Да пружа заштита, но и јасно да стави до знаење дека постојат граници кои не смеат да се поминат.

Поради тоа детето ќе ја цени топлината и заштитата која таткото ја пружа и се чувствува безбедно во негово присуство.

Кога таткото ќе го создаде овој тип на страв кај децата, ќе биде во состојба да ги научи да бидат добри и нежни.

Затоа не треба да се плаши понекогаш да биде строг спрема децата, и како што од нив бара да не поминат некои граници, ни тој не треба да помине какви било граници.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…