Супер тројка за трудниците-фолна киселина, железо и јод

Зошто токму оваа комбинација од витамини и минерали се смета за супер тројка за секоја идна мајка:
– Доволната количина на железо во крвта во текот на бременсоста е од особено значење бидејќи се зголемува количината на крв која што струи низ телото. Со помош на железото се создава хемоглобинот кој овозможува транспорт на кислород и хранливи материи од мајката на плодот.

– Фолната киселина е многу важна за овозможување на правила делба и градба на клетките, особено при создавањето на рбетниот мозок на бебето.

– Јодот е важен за здрав развој на мозокот и штитната жлезда. Недостатокот на јод се смета дека е причина за појава на ментална попреченост кај децата.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk