С

Симона – Онaа која слуша, слушање
Саво име на индиски цар и на еден од календарските светци.
Самоил машко библиско име или од еврејски Шемуел или измолен од Бога, воедно и славен македонски цар.
Сара библиско женско име кое во превод од еврејски значи господарка.
Сергеј име со латинско потекло, старо родовско име, кое најверојатно значи служител, исто така е и име на календарски светец.
Симеон библиско име, од еврејски, Шимон-ислушување или исполнување (на молитва), име на неколку календарски светци.
Снежана од литературен превод од германски со значење снежнобеличка.
Соломон библиско име, на еврејски значи мирољубив.
Сотир име со грчко потекло кое значи спасител, а сотир бил и епитетот на Исус Христос.
Софија женско име со грчко потекло кое означува мудрост, а е име и на календарска светица.
Сретен со значење честит, срдечен.
Стефан на грчки значи венец, а е име и на календарски светец.
Стојан заштитно машко име, значи да стои, да остане жив, да запре лоша работа.
Страхил заштитно име кое значи дека од него треба да се плашат.
Сута од романски со значење да живее сто години
Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk