Таравари: Смртноста на доенчињата е показател каков ни е здравствениот систем

Смртноста на доенчињата е еден од показателите каков ни е здравствениот систем, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари на прес-конференција.

Тој рече дека не е виновен еден човек или една клиника за тоа што се случува.

– Тоа е резултат на еден девастиран здравствен систем. Тоа е последица на тоа што се случува во здравството во последните 10-15 години – рече Таравари одговорајќи на новинарско прашање.

Таравари потенцираше дека проблемот со смртноста на новороденчињата е нешто што за жал го имало и во претходните години и треба да се направи стратегија како доенечката смртност да се намали 20 проценти до 2020 година.

Како проблем го посочи големиот број раѓања во Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје и непостоењето интензивна нега и во другите градови.

– Основниот проблем е што интензивна нега за доенчиња има само на Клиниката во Скопје.  Треба да почнеме и веќе размислуваме да се отвори интензивна нега и во Штип и Тетово – рече Таравари.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk