Татковците имаат поважна улога отколку мајката во развојот на говорот кај децата

Објавено на: Mar 31, 2016 од Мама Весна

Дали знаевте дека во развојот на говорот татковците имаат поважна улога отколку мајката. Имено научниците ја споредуваат улогата на родителите во развојот на говорот кај децата. 

Резултатите покаќале дека децата на 6-месечна возраст, на кои таткото редовно им читал, на 3 години постигнуваат извонредна експресивност на говорот и почесто користат зборови од речникот на таткото, а не од мајката. Овој факт не зависи од нивото на образованието на мајката и нејзините особености при комуникацијата со децата па најверојатно причината е во тоа што мајките поминуваат повеќе време со децата и користат зборови кои што децата добро ги знаат, додека татковците кои се помалку информирани за тековните јазични способности на децата, користат поширок вокабулар на зборови што доведува до тоа децата повеќе да запомнат од нив.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…