Татковците кои се грижат за своите аутистични деца го подобруваат менталното здравје кај мајките

Оние татковци кои земаат активна улога во креирањето на секојдневните активности на своите аутистични деца не само што придонесуваат за доброто во развојот на детето туку и за доброто на менталното здравје на мајката.

Особено околу четвртата година од животот на детето овие мајки се жалат дека почувствувале симтоми на депресија. Придонесот на таткото се бележи и во малите нешта што ги прави , како што е разговорот со лекарот за време на прегледот, посветување внимание на детето во моментите кога мајката е нервозна или вознемирена.

Неможноста за социјална интеракција и потешкотиите во остварувањето на контакт со блиските е една од главните причини за појава на депресивно расположение кај мајката. Самото ниво на стрес во семејствата на аутистичните деца е на доста поголемо ниво отколку во едно просечно семејство. Стресот особено произлегува од фактот што родителот секојдневно го гледа сопственото дете како води битка со потребата да се изрази. Активностите на таткото во овој поглед се двојно делотворни. Тие подразбираат пеење песнички, читање на книги, раскажување на приказни и сл. Правејќи го тоа таткото ги развива комуникациските вештини на аутистичното дете ( бидејќи детето постојано слуша нови зборови и се обидува да ги запомни) а истовремено превзема огромен дел од секојдневниот товар на мајката намалувајќи го притоа стресот со кој што се соочува таа.

Со се поголемото вклучување на таткото во работењето со аутистичното дете на секојдневна основа нетрпеливоста помеѓу брачните партнери што во таквите семејства е доста честа појава се повеќе се намалува. Така се овозможува детето да расте во порелаксирано опкружување кое е од витално значење за неговиот личен напредок.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk