Татковци, запознајте го вашето бебе

Објавено на: Dec 31, 2016 од Мама Силвана

Дали некогаш сте се запрашале од каде да почнете. Научете го јазикот на бебињата. Иако фондот на зборови е ограничен и мал, доколку добро обрнете внимание ќе можете да направите разлика помеѓу плачењето кое кажува „уморен сум“, „гладен сум“, „промени пелена“, „сакам да си играм“.

Кога тоа ќе научите да го препознавате полесно ќе можете да се грижите за неговите потреби и двајцата подобро ќе се почувствувате.

Иако бебето е старо неколку дена, можете да го носите, да слушате музика заедно и тоа е одлично во овој период, И самото тоа што зборувате со него е одлично, а исто така можете и да му читате.

Не е важно што ќе читате, поентата е да се навикне да ве слуша и да ви го препознава гласот.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…