Теменица на бебешкото главче

Веќе во првите недели од животот, кај бебето може да се појават еден вид на жолтеникави лушпи по главата или горниот дел на лицето. Станува збор за теменица.
Теменицата се јавува како последица на преголемото лачење на масна течност наречена себум, која ги задржува мртвите клетки на површината на кожата и формира љушпи кои се масни на допир. Теменицата нема никаква врска со начинот на одржување на хигиена.

Ова пореметување зафаќа дури две третини од бебињата ширум светот и е потполно безопасно. Еднинствено, теменицата освем што лошо изгледа претставува погодна почва за развој на бактерии и габички.

Доколку вашето бебе има теменица, внимателно измијте го неговото главче со благ шампон, а потоа нанесете кокосово или маслиново масло и нежно тријте.

Никако не се обидувајте со сила, механички (со нокти на пример) да ги извадите лушпите, дозволете самите да паднат.

Секој ден внимателно четкајте ја косичката на бебето допирајќи до самата кожа на главата со мека четка.

 

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk