Терапијата со кислород под притисок резултира со подобрувања кај децата со аутизам

Терапијата со кислород под притисок во хипербаричната комора ја подобрува општата состојба на децата кај кои што е забележано присуство на аутистичниот спектар.

Според истражувачите од Меѓународниот центар за детски развој во Мелбурн децата кои што имаат своевидни пореметувања во развојот можат да имаат корист веќе од серија третмани во хипербаричната комора.

Оваа терапија може да ги подобри јазичните способности кај детето, неговата способност за социјална интеракција и мноштво други функции.

Во истражувањето спроведено на Флорида, од страна на Др. Даниел Рошинол биле опфатени 62 деца со аутизам, на воздраст од две до седум години кои биле подложени на вкупно 40 третмани во траење по еден час поединечно.

Подобрување е забележано дури кај 80% од третираните деца.

Освем подобрување на јазичните способности и социјалната комуникација кај децата кои биле изложени во хипербаричната комора со 24% кислород се забележани и подобрувања во остварувањето на очен контакт.

При тоа, научниците дошле до заклучок дека најдобри резултати се остваруваат кај деца под пет годишна воздраст кои имаат поблага форма на аутистичен спектар на нарушувања.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk