Технологијата предизвикува зависност кај децата

Објавено на: Jan 10, 2017 од Мама Силвана

Лекарот Николас Кардарас објави текст во „Њујорк пост“ во кој предупредува дека, паметните телефони и други уреди предизвикуваат зависност кај децата.

Поради тоа, децата се помалку се заинтересирани за спорт и читање, а честопати имаат проблеми со спиењето.

Тој го даде примерот со мајка пациент чиј што син зависник постојано ја играл играта „Мајнкрафт.“

„Сузан забележала промени кај својот син.Станал потполно фокусиран на играта, а се помалку го интересирале кошарка и читање. Наутро прераскажувал како сонувал коцкасти форми,“ раскажал лекарот.

Честопати влегувајќи навечер мислејќи дека спие, го затекнувала како гледа во ајпадот и не реагира на нејзините повици, по што следела забрана и ограничување на играта.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…