Тешкотии при заспивањето за време на бременоста

Објавено на: Jan 01, 2017 од Мама Силвана

Тешкотии при заспивањето и често будење се најчести проблеми со спиењето во бременоста, посебно во второто тримесечје. Обидете се во текот на денот да бидете што повеќе физички активни, бидејќи тоа е предуслов навечер да можете да заспиете.

Ако не се занимавате со некоја посебна физичка активност, прескокнете ја дневната дремка.

Пред да си легнете, испијте топол чај. Можете да се истуширате со млака вода. Испијте една шолја топло млело. Проветрете ја собата во која спиете.

Избегнувајте обилни и тешки вечери, јадете помалку, јадете лесна, незачинета храна.

Не легнувајте непосредно по вечерата.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…