Тивичката е вистинско богатство на антиоксиданси

Како и сите останати видови на зеленчук, тиквицата е идеална хранлива намирница затоа што е исклучително нискокалорична, содржи голем број на витамини и минерали како и диететски влакна.
Тие се богат извор на витамините А, К, Б и Ц, манган и калциум, магнезиум, фосфор, бакар, рибофлавини, цинк, железо и калиум.

Тиквичките се богати со антиоксиданси кои делуваат антиинфламаторно и се одлични доколку имате проблем со сува кожа. За таа намена можете да ги исечете на кругови и да ги ставите на сувите делови од кожата.

Истражувањата покажале дека тиквиците со нивниот состав делуваат на тој начин што го регулираат нивото на шеќерот во крвта и го намалуваат апетитот. Исто така делуваат врз намалување на нивото на холестерол во организмот и го штитат кардиоваскуларниот систем во целина.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk