Тинејџерите се како 60 годишни луѓе

Според тоа колку не се движат, тинејџерите можат да застанат рамо до рамо со луѓето во седма деценија.Постарите луѓе со помош на движењето се борат против болестите, а младите немаат енергија бидејќи не спијат доволно, покажува најновата студија.

Светската здравствена организација (СЗО) советува дека децата треба да вежбаат секој ден по еден час од умерено до интензивно. Но, реалноста е сосема поинаква.

Помеѓу децата на возраст од 6 до 11 години, секое четврто момче и секоје второ девојче не го исполнуваат овој критериум на СЗО.

Кај тинејџерите ситуацијата е уште полоша, па дури 75 проценти од тинејџерките не се активни еден час дневно колку што е препораката.

Препораката е активностите да се распределат во текот на целиот ден, а не од 14 до 18 часот како што е сега.

Според истражувањето, тинејџерите не вежбаат бидејќи не спијат доволно и со тоа се уморни за да бидат физички активни.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk