Топчиња од ориз-превкусно мезе како дел од вашата празнична трпеза

Изненадете ги гостите и домашните со ова превкусно мезе- топчиња од ориз. Топчињата од ориз се одличен избор за дополнување на ордеверите.

Нивниот богат вкус надолнете го со чаша бело вино.

Потребни состојки:

200 грама бел ориз
1 помала главица кромид
200 грама пармезан
200 грама сирење
супа од зеленчук
50 грама путер
1 лажица сечкан магдонос
2 јајца
150 грама брашно
200 грама презла
зачини
масло за пржење

Начин на подготовка:
Кромидот исечкајте го ситно, а потоа пропржете го на стопениот путер.Откако ќе зарумени додајте го оризот и пржете кратко. Постепено долевајте ја супата од зеленчук ( претходно сварена супа) со повремено мешање. Почекајте оризот да набабри. При крајот додајте го магдоносот и зачинете по вкус.
Оризот оставете го да се излади. Во изладениот ориз изронете сирење и пармезан и промешајте ја смесата. Од добиената смеса со дланките претходно намачкани со масло, обликувајте топчиња со големина на орев. Секое од топчињата извалкајте го во во брашно, па во изматените јајца и на крај во презлата. Топчињата пржете ги во повеќе масло се додека не заруменат на помала температура.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk