Тридневна диета за брзо и ефикасно слабеење

Оваа тридневна диета стана светска сензација поради неодоливите и брзи резултати. Со оваа хранлива тридневна диета може да симнете цели 5 кг за само три дена, и тоа без да се подложувате на премногу глад.

Сите знаеме дека лекарите и диетолозите не ни го препорачуваат брзото слабеење, бидејќи често по него постигнуваме „јо-јо“ ефекти или брзо враќање на килограмите.

Токму во такви случаи може да ни помогне оваа тридневна диета со која може да ги намалиме импресивните 5 кг од својата тежина. И како секој режим на исхрана, најважно е да ги почитуваме строго принципите, за да постигнеме добри резултати.Најосновното е да се внесуваат дневно помеѓу 800 и 1000 калории.

Во овие денови појадокот и кафето треба да биде без шеќер, по можност да се јаде црн пченкарен леб и половина грејпфрут.

Ручеците треба да бидат печена риба или конзерва туна. Десертот повторно може да биде само кафе без шеќер, кој ќе служи како катализатор за апсорбирањето на хранливите материи од нашиот организам.

Вечерата може да биде од 80 грама чисто бело месо, по можност варено, приготвено на пареа или печење, но во никој случај пржено или во форма на колбаси, со гарнир зелена салата, а за десерт јаболко.

Многу важен услов е за време на оваа тридневна диета е да внесете многу течности, во форма на вода , незасладен чај или свежо исцедени сокови.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk