Трите мајчини заповеди

Детето е најболната точка, извор на твојата ранливост.
Апсолутната мајчина љубов е апсолутна ранливост. Токму тој ист извор на ранливост е твојот извор на сила, енергија, волја, инспирација, живот и нежност.

Не можеш да си го замислиш животот без твоите деца
Твоите деца се твој живот. Едноставно, понекогаш си велиш зошто ли си чекала толку долго за да ги родиш. Чувствуваш дека не би била нормална, а најверојатно ниту жива ако ги нема нив, ако нешто им се случи. Иако посакуваш понекогаш некој да ги земе на еден извесен период, за да можеш повторно да се почувствуваш како индивидуа сама за себе сепак реално тоа не можеш ни да го замислиш а не да го доживееш.

Сфаќаш дека не е најтешко раѓањето на детето
Можеби ќе ти биде смешно кога ќе ги чуеш идните мајки како креваат паника околу породувањето додека во себе си велиш дека иако е непроценливо и незаменливо искуство сепак раѓањето не е најтешкото нешто. Уште потешко за тебе е секоја детска солза, секоја негова болест, секога негова грижа, секоја негова неостварена желба….

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk