Три начини на кои можете да му ја уништите самодовербата на вашето дете

Сите родители сакаат нивните деца да пораснат во личности кои зрачат со самодоверба и способност.

Но понекогаш без да го сакаат тоа, дури и незнаејќи, постапуваат на начин кој што може да резултира со сосема спротивен ефект од оној на градење на самодоверба кај детето.
Еден од начините на кои можете да ја уништите самодовербата на вашето дете ако правите премногу за него. Оставете го детето самото да се обиде да изврши некоја задача. Убаво е да бидете до него и да го насочувате, но не и да ја завршите задачата наместо него.

Погрешното мотивање исто така може да ја уништи самодовербата кај вашето дете. На пример, ако пред извршувањето на некоја задача за која очигледно е дека детето има проблем и ја доживува како потешкотија му речете – ах, па тоа е лесно, можете да постигнете спротивен ефект. Вие мислите дека е лесно, но истото не го мисли и вашето дете. Истовремено, тоа ваше размислување кое би требало да делува како поттик може да го зголеми притисокот кај детето во зависност од големината на вашите очекувања.

Грешките се дел од животот. Сите ние грешиме, зошто тогаш не би грешеле и децата? Ако на нивните грешки ги прифатите со голема доза на негативност и негодување тогаш тоа исто така може да биде начин на кој што незнаејќи ќе делувате во насока на намалување на самодовербата кај детето. Можеби како родители ќе почувствувате потреба да ги спасите вашите деца од грешките, односно да им помогнете да ги избегнат грешките но тоа долгорочно нема да им помогне.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk