Три основни правила за успешно доење

За да бидете сигурни дека правилно го доите вашето бебе обидетете се да се придржувате кон основите на правилното доење.
Според педијатрите и неонатолозите постојат три основни правила на доењето:

– Добро наместена мајка – без разлика дали доите во седечка или лежечка позиција

– Правилна положба на телото на детето во однос на мајчиното тело – детето треба да биде свртено директно кон својата мајка а при тоа главата да не му биде свртена во однос на телото кое е во позиција поинаква на страничната, туку еднакво свртена на истата страна на која е и телото – странично.

– Правилен опфат на брадавицата – треба да се опфати поголемиот дел од брадавицата (ареолата), усните на бебето да бидат испакнати кон надвор а помеѓу долната усна и дојката малку да зирка бебешкото јазиче.

Откако бебето ќе ја пушти дојката од устата знак дека поставеноста на бебето е добра кога брадавицата има издолжена форма.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk