Тропалката како корисен инструмент за зајакнување на бебешките мускули

Тропалката може да ви помогне во изведувањето на оваа едноставна, но многу корисна вежба, со чија помош бебето ќе ги зацврсне својот врат, грб и рачиња.
Постелете го бебешкото ќебенце на подот и на него легнете го бебето поставено со стомачето надолу. Земете ја тропалката и застанете пред него.

Започнете да ја тресете истовремено помрднувајќи ја горе-долу. Веднаш штом бебето ја воочи тропалката ќе започне да ја следи со поглед, охрабрувајќи се да се подигне на рачињата и да ја подигне главата со цел да ја следи тропалката.

На овој начин, бебето истовремено ги зајакнува рацете, вратот и мускулите на гработ.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk