Трудниците кои јадат обилно го ризикуваат здравјето на бебето

Објавено на: Jan 10, 2017 од Мама Весна

Претераното дебелеење за време на бременоста може негативно да делува на интелигенцијата на детето, но и да предизвика проблеми во психичкото здравје како што се пореметувањата на исхраната или пак шизофренија – открило истражувањето на Универзитетот Онтарио.

Истражувачите утврдиле дека децата на трудниците со прекумерна тежина во просек имаат понизок коефициент на интелигенција за пет бодови на тестовите з интелигенција за разлика од оние на трудниците со нормална тежина. Освен тоа, тие се често хиперактивни и патат од пореметувања на вниманието или во исхраната кога е пораснат.

Претходните истражувања на оваа тема покажале дека дебелите жени имаат поголем ризик од настанок на крвни грутки, но ова е прво истражување кое се бави со долгорочните последици на мајчината тежина врз детето.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…