Трудниците спаѓаат во ранлива група кога е во прашање грипот

Објавено на: Jan 09, 2017 од Мама Ане

Кога е во прашање грипот, трудниците спаѓаат во групата на најранливите граѓани и често завршуваат во болница поради компликации од грипот.

Причина за тоа се промените кои ги предизвикува бременоста во телото и намалениот имунолошки систем.

Најзагрозени се белите дробови, но исто така и срцето.

До сега не постојат уверливи податоци кои укажуваат на тоа дека самата инфекција, без компликации, влијае на фетусот.

Најдобар начин трудниците да се заштитат од грипот е превентивното делување. Но доколку се разболат никогаш не се препорачува земање на лекови на своја рака.

Зголемениот внес на течности, витамински препарати и доволно одмор се задолжителни за секоја трудница која ќе заболи од грип.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…