Трудници, уживајте во вкусот на бадемите

Јаткастиот плод на бадемот е исклучително богат извор на витамин Е, кој пак е од особено важност за нормалното функционирање на организмот на една трудница, при тоа помагајќи го правилниот раст и развој на бебето во утробата на мајката.

 

Бадемите во својот состав содржат мешавина од најважните елементи во трагови, како што се фосфор, калциум, магнезиум и цинк, но, исто така, некои видови на киселини кои се важни за женскиот организам за време на бременоста.

 

Со консумирање на само десетина плода во текот на денот значително се намалуваат проблемите со дигестивниот систем, мачнините и повраќањето, се зголемува ефикасноста на мозочните клетки, се намалува чувството на надразливост, се зголемува отпорноста на замор и стрес, се регулира сонот и сл.

 

Бадемите исто така, поради својот богат минерален состав помагаат при намалување на мускулните грчеви, проблемите со забалото и запекот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk